Без нерви и трпение остануваат жителите на каменичкото село Косевица, кои веќе речиси половина година секојдневно гледаат како камиони и трактори претоварени со дрва од опожарената борова шума го уништуваат патот низ селото. Велат дека покрај оштетениот асфалт, загрозена е и безбедноста на жителите, особено по неодамнешната несреќа кога приколка натоварена со дрва се откачила и удрила во гаража. За проблемот се обратиле и до градоначалничката ...

За влакно е избегната трагедија пред само неколку дена во каменичкото село Косевица, откако приколка натоварена со дрва од опожарената борова шума се откачила од трактор и удрила во гаража на еден од жителите. Жителите предупредуваат дека прашање на време е кога може да има и повредени, бидејќи низ селото секојдневно минуваат претоварени камиони и трактори тешки и до 35 тони, наместо правилото до 10 тони. Тие бараат итна реакција од ...