Многу извесно станува оти Штип ќе остане без суперлигашки ракомет во женска конкуренција, Астибо ќе ја напушти Супер лигата и ќе се пресели во ранг подолу односно ќе настапува во Првата ракометна лига. Причината се финансиите, за што од клубот посочуваат дека Супер лигата е прескапа за актуелните можности, па затоа Астибо ќе оди во ранг подолу и ќе игра со млади ракометни надежи. Штип како град на спортот ќе остане без суперлигашки ракомет во ...
Женскиот ракометен клуб Астибо најверојатно нема да настапува во Супер женската лига во сезоната 2026/27, иако минатата сезона на терен го обезбеди опстанокот во елитното друштво. Според информациите, штипскиот клуб ќе се пријави за настап во Првата лига, а главната причина за ваквата одлука се финансиските можности. Од клубот сметаат дека трошоците за настап во најсилната конкуренција се преголеми во однос на актуелниот буџет, поради што ...

