Фудбалската репрезентација на Македонија ќе има поддршка против Данска на „Паркен“ во баражот за СП 2026. Полуфиналниот дуел ќе го следат околу 1.000 наши навивачи. Збирното место на „Фалангата“ и љубителите на фудбалот е Стариот ирски паб, кој полека почнува да се полни и од него се слуша песна. Натпреварот меѓу Данска и Македонија се игра од 20:45 часот. Победникот од овој дуел ќе игра финале за место на СП 2026 против Чешка или Ирска. ...
Дека Македонците го сакаат спортот и репрезентацијата уште еднаш се докажа на вчерашното гостување во Копенхаген, каде македонските навивачи беа единствената светла точка во поразот од Данска. Во голем број Македонците допатуваа за да ги бодрат своите миленици, а на крајот по иницијатива на капитенот Барди играчите беа вратени за да ги поздрават пред гостинската трибина. Денес Фудбалската федерација на Македонија и со официјален статус на ...

