Новоформираната ММА Федерација на Македонија планира да отпочне со крупни чекори кон промовира на боречките вештини во нашата земја, а на официјалната средба која денеска се одржа со новинарите, водечките луѓе најавија турнир кој треба да биде голем спектакл. ММА Федерацијата соопшти дека на 6-ти септември ќе се одржи првиот голем ММА турнир во Скопје, а целта е дел од настанот во улога на промотор да биде и големиот шампион со македонско ...

За нешто помалку од четири месеци Скопје ќе биде домаќин на првиот ММА-спектакл, а покрај борбите, на сцената се очекува да се појави и најдобриот македонски УФЦ борец, Александар Волкановски, кој ги брани боите на Австралија. Сепак, барем според најавите на првиот човек на македонската ММА федерација, Ивица Алексовски, Волкановски би бил во улога на гостин, односно промотор на настанот, каде што младите љубители на овој спорт ќе имаат можност ...