Новиот селектор на македонската кошаркарска репрезентација Марјан Илиевски го одржа првиот тренинг со националниот тим на кој присутни беа 10 од повикани 27 кошаркари на неговиот поширок список. Атмосферата во тимот е позитивна, па иако значително подмладени „црвено-жолтите“ веруваат во добри игри и позитивни резултати со Романија и Унгарија. Проблемите се очигледни, но сите се решени да го покажат најдоброто од себе, да се стават во служба на ...

Македонската кошаркарска репрезентација официјално ги започна подготовките за претквалификациите за пласман на Светското првенство во 2027 година. Многу дилеми, прашалници кога е во прашање играчкиот кадар, па на првиот собир селекторот Марјан Илиевски имаше на располагање десет кошаркарки и тоа Марин Петков, Андреј Магдевски, Амар Хот, Валмир Какруки, Лука Стојановски, Андреј Митревски, Максим Митревски, Лука Савичевиќ, Андреј Андоновски и ...