Монако и Фенербахче ќе влезат во „клинч“ за титулата во овогодинешното издание на Евролигата. Можеби овие екипи не допатуваа во Абу Даби како најголеми фаворити, но им го зедоа „скалпот“ на големите грчки гиганти - Панатинаикос и Олимпијакос. Фенербахче и Шарунас Јасикевичиус прикажаа маестрална игра против „детелинките“ од Атина, додека Монако со извонредна дефанзива го запре најголемиот фаворит Олимпијакос и го задржа под 70 поени. ...
Вечерва во Абу Даби ќе биде познато името на новиот шампион во Евролига, а во битката за трофејот ќе се борат Монако и Фенербахче, мечот е закажан со почеток во 19 часот. На клупата на двајцата финалисти седат две кошаркарски легеди, Василис Спанулис и Шараунас Јасикевичиус. Доста интересно е што Спанулис и Јасикевичиус беа соиграчи и освоија шампионска титула под водство на големиот Жељко Обрадовиќ во Панатинаикос Атина. Јасикевичиус на ...