Уште во второто коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига забележана е службена победа. Екипата на Силекс, наместо на терен, трите бода ги доби на маса, откако Шкупи не успеа да обезбеди терен за одигрување на натпреварот. Веќе е познато дека стадионот во Чаир не ги исполнува сите услови за одигрување на натпревар од ПМФЛ, пред сè заради воведувањето на ВАР-технологијата, а откако раководството на Шкупи не најде соодветно решение ...

Од ФК Шкупи преку официјално соопштение информираа зошто на време не успеале да договорат стадион за денешниот домашен натпревар против Силекс во 2. коло од ПМФЛ кој е откажан и со службена победа на кратовци од 0-3. Чаирчани не обезбедија на време соодветен стадион кој ги исполнува минималните услови за ВАР-имплементација, а како што информираат причина за откажувањето на натпреварот е ФК Беласица со која најпрво се договориле и добиле ...

Чаирски Шкупи конечно излезе со објаснување за неодигрувањето на денешниот натпревар од 2. коло во рамките на првата лига против Силекс, а поради немање стадион со услови за ВАР. Од Шкупи откриваат дека имале согласност од ФК Беласица овој натпревар да го одиграат на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, кој ги има сите услови за користење на ВАР, но во последен момент струмичани се предомислиле и не им дозволиле. „Прво, би сакале искрено да ...