Холивудската јавност и натаму е потресена од случајот со бруталното убиство на режисерот Роб Рајнер и неговата сопруга Мишел Рајнер, кои беа пронајдени мртви во нивниот дом во Брентвуд во декември. Новите детали што излегуваат на виделина фрлаат дополнителна светлина врз околностите што доведоа до трагедијата. Според странските медиуми, медицинскиот персонал наводно ги предупредил Роб и Мишел да не му дозволат нивниот син Ник Рајнер да живее ...

Роб и Мишел Рајнер биле предупредени да го држат синот Ник подалеку од нивниот дом откако му била сменета терапијата, бидејќи потенцијално можело да предизвика „непредвидливо“ однесување, пренесуваат американските медиуми. Ник боледувал од шизофренија и јавно зборувал за своето минато со зависност од дрога. Сега се тврди дека Ник го напуштил својот психијатар и ги сменил лековите непосредно пред неговите родители брутално да бидат убиени. ...