По објава на социјалните мрежи на Воислав Попоски, во која тој сведочи дека неговиот брат Марко е во болница по тешка операција по прободување со нож, јавноста реагира со гнев и прашања зошто осомничениот напаѓач е на слобода. „Брат ми е жив благодарение на докторите кои девет часа го оперираа. Прободен со нож, неподвижен и со неизвесна иднина, убиецот во обид, Цветко, слободно се шета низ Грција и објавува слики на Инстаграм“, напиша Попоски, ...

Основното јавно обвинителство Струга соопшти дека до овој момент нема поднесено кривична пријава за настанот во кој момче беше прободено со нож. Јавен обвинител е известен за случајот и во моментов, МВР постапува за документирање на настанот, обезбедување докази и вештачења. ОЈО Струга појаснува дека лицето за кое постојат индиции дека е можен сторител е малолетно. Доколку се обезбедат докази кои ќе дадат основано сомнение дека тој навистина го ...