„Овој чин испраќа порака дека овој режим, е подготвен да ги жртвува основните принципи на правичност и верска рамноправност. Наместо да штитат вредности, тие ги бришат институциите кои со години придонесувале за религиозен соживот, културен развој и толеранција. Најзагрижувачки е фактот што вазалите од Вреди со своето соучесништво – ја легитимираат оваа антидемократска насока и не само што прават непоправливи штети, уште и безсрамно манипулираат ...

Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи ги обвинува ДУИ и претседателот на партијата Али Ахмети за лажна загриженост во врска со одлуката на Уставниот суд за „Иса бег медреса“. Фетаи ја објави одлуката на Владата од 1 декември 2023 година со која предлогот на Министерството за образование Медресе Иса бег да се стекне со статус на приватна гимназија е отстранет од дневниот ред на владината седница, врз основа на мислењето на Владиниот ...