Арсим Далипи, кандидатот на Алијансата за интеграција за градоначалник на општина Струга потпиша договор за соработка со граѓанската иницијатива „Струга дејствува“, која во првиот круг настапи со независниот кандидат Бесник Хасани. Во четирите столба кои ги содржи ќе биде, уверува тој, основата за секоја одлука доколку биде избран за градоначалник. „Под еден, чиста и еколошка Струга. Отворена борба против загадувањето и нелегалните депонии. ...

На социјалните мрежи се споделува видео од авион полн иселеници во Швајцарија кои покажуваат број на една политичка партија, а во објавата на Фејсбук се повикува да се гласа за еден од кандидатите за градоначалници на Струга. – Швајцарската дијаспора се упатува кон Струга за да го поддржи Арсим Далипи! Во пресрет на вториот круг од локалните избори, албанските сонародници од Швајцарија се упатија кон Струга за да му ја дадат својата поддршка ...