Силекс со максимални „четири од четири“ и без примен гол го дочекува Работнички во натпревар од петтата рунда на ПМФЛ. Во пресрет на натпреварот против „романтичарите“ своите очекувања ги изнесе Мартин Мирчевски. Офанзивецот нагласи дека Силекс секогаш гледа кон победата и посака продолжување на серијата. „На секој натпревар излегуваме на терен да дадеме се од себе и да победиме. Тоа е секогаш целта на Силекс, без разлика кој ни е противник. ...
Работнички со нов шеф на стручниот штаб и неколку нови засилувања, успеа да се реконструира во текот на репрезентативната пауза. Турскиот стратег Алпарслан Ердем е сега на кормилото, менувајќи го Бојан Маркоски, кој ја почна сезоната со „романтичарите“. Работнички кој по првите четири кола освои само еден бод (одигра три меча) освежен и подзасилен ќе се обиде да стави крај на максималниот ефект на Силекс. „Силекс е квалитетен тим, и секако не е ...