Охрид, 1. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Подгответе се за најубавите македонски песни од албумот „Македонски рози“ на Мите Димовски – Митан од „Митан проект“, во интерпретација на Андријана Јаневска. Концертот е закажан за понеделник, 7-ми јули 2025 година, со почеток во 21:00 часот на сцената „Долни Сарај“, а влезот за сите посетители е слободен. Пред концертот, од 20:00 часот ќе биде отворена и изложбата и ревија на народни носии „Од Љубанишча до ...

Андријана Јаневска ќе одржи концерт со музичкиот состав „Митан проект“ на 7 јули од 21 часот во Охрид, на летната сцена на Долни Сарај. Концертот е во рамките на Етно фестивал Охрид и Балкански фестивал на народни песни и игри. „Митан проект“ ќе настапи со преработки на македонски народни песни од своите албуми „Македонски рози“ и „Приказна за едно моме“. „Ќе настапам со Илија Филиповски на виолина, Благојче Трајковски на кларинет, Александар ...