На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП пријавил кривично дело – „измама“ по чл. 247 ст.4 од Кривичниот законик на РСМ против лицето Д.И. (54) од село Трубарево, скопско. Имено, според пријавителот во период од 2022 до 2025 година пријавениот со намера за себе да прибави противправна имотна корист, со лажно прикажување на факти ги довел и ги држел во заблуда пријавителот и неговата сопруга М.Д. прикажувајќи се самиот себе како ...
Полицијата вчера лиши од слобода 54-годишен „бајач" од скопското село Трубарево по пријава од брачен пар од Берово, кои од 2022 до 2025 година во повеќе наврати му давале пари во висина од пет до шест илјади евра за да растури магија што наводно му била направена на нивниот син. Според пријавата, лицето за посочениот период се стекнало со противправна имотна корист од вкупно 400.000 евра. Случајот на 3 јули годинава го пријавил Б.Д. (76) од ...