Продолжува серијата на успешни резултати на велешките велосипедисти. На патеката во должина од 90 километри која се возеше во Штиме Косово а на која настапија 80 велосипедисти од Косово, Албанија и Македонија , велосипедистите на „Мвк“ ги исполнија очекувањата. Во „Елит“ трето место освои Христијан Ванчевски. Во „У-23“ победи Тео Врондалиев, четврти е Виктор Ванчевски, додека Михаил Крстев е шести. Лазар Лазаровски Сподели: Продолжува ...

Во Аланија, Турција, на дванаесет дневни подготовки се најдобрите велосипедисти на Македонија. Во составот на сениорската репрезентација се членовите на „Мвк Велес“, браќата Кристијан и Виктор Ванчевски и Тео Врондалиев. Дарко Димовски е во составот на јуниорската репрезентација. За време на престојот во Турција ги очекуваат и по две друмски трки во обете конкуренции. Истите се во календарот на светската велосипедска федерација – УЦИ. ...

Се одржа државното првенство во друмски велосипедизам. Учествуваа 70 тина возачи од земјата. Се возеше на патеката од Кавадарци преку Возарци и Росоман до Кавадарци во должина од 33 километри, кружно 4 круга или вкупно 132 километри. Во сениорска конкуренција победи Андреј Петровски пред Стефан Петровски од РСВ „Зехајм“ додека трет е велешкиот претставник Кристијан Ванчевски од МВК. Во категоријата У-23 најдобар беше Димитар Јовановски од ...

Во Косово се одржа велосипедска трка во должина од 127 км. Се возеше од Приштина до македонска граница и обратно. Учество земаа 70 возачи од 15 клуба од Македонија, Албанија и Косово. Кај сениорите прв е Виктор Ванчевски пред Мике Крстев додека третото место го освои Тео Врондалиев сите од велешкиот тим. Кај јуниорите најдобар беше Дарко Димовски исто така од МВК „Велес“. Тренерот на екипата, Сашко Ванчевски, изјави: „Постигнавме голем успех. ...