Ако во иднина нема учебници обраќајте се на директорите, а не мене. Ова им го порача на новинарите министерката за образование Весна Јаневска, која денеска во Тетово испрати порака до училиштата дека проблемот со учебниците е системски решен и дека одговорноста за нивната навремена нарачка е кај директорите. Јаневска посочи дека Министерството обезбедило средства, наставни програми и дека се печатат нови учебници, но дека сега потребна е само ...
„Директорите на училиштата мораат многу сериозно да ја сфатат својата работа, бидејќи се должни да ги почитуваат законите и да ги нарачуваат учебниците. Оваа година „ги свртивме очите“, следната година нема да ги свртиме очите бидејќи има систем“, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска, која повторно, одговарајќи на новинарски прашања во врска со недостатокот на учебници во некои училишта, рече дека директорите мораат да ги ...

