Со транспарент на кој се испишани имињата на жртви од повеќе несреќи во Македонија, и оставен простор за поминување на луѓе, иницијативата “Кој е следен?” направи герила акција пред седиштето на Обвинителството. Со ова, потсетуваат на сите кои животот го загубиле во големи трагедии, меѓу кои е последната во Кочани. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk) „Да ве потсетиме дека поминаа два месеци од ...
По шокот на 16ти март, во Кочани останаа само тагата и болката. Два месеци од страотниот пожар во кочанската дискотека и уште само еден месец до завршување на истрагата. Згаснаа 62 млади животи, а речиси 200 лица беа повредени, од кои стотина беа однесени на лекување во странство. И по два месеци од трагедијата гневот и понатаму е преточен преку спонтани протести. Родителите и роднините на загинатите и повредените, поддржани од илјадници граѓани ...
Само еден телефонски повик, толку било потребно да се мобилизира целиот персонал во штипската болница, која на 16 март беше главна алка во синџирот на спасување на младите луѓе повредени во пожарот. Иако без соодветна обука за тешки несреќи од ваков тип, успеале да извршат тријажа на 110 млади луѓе, кои потоа на лекување беа распределувани на клиниките во Скопје, а потоа дел од нив и на клиниките во странство . Два месеца по несреќата во ...