Обезбедување постојана работа и интеграција на семејствата од ранливите групи, особено од ромската заедница, ќе елиминира девијантни појави, како што се случува на крстосниците во градовите каде деца и возрасни се обидуваат да заработат со миење на ветробранските стакла на автомобилите. Ова денеска во одговор на новинарско прашање го истакна министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите ...

Преку иницијативи за преквалификација и законски измени, министерот нагласи дека, во координација со Министерството за труд и социјална политика и други надлежни органи, се планира креирање услови за вклучување на родителите на овие деца во нормалните работни процеси. „Има една кинеска поговорка која вели ‘На сиромавиот не му давај риба туку дај му јадица да ја лови’. Мораме да им обезбедиме на тие лица односно родителите на тие деца постојана ...