Војната на Блискиот Исток претставува нов стрес тест за берзите и глобалната економија. Финансиските пазари реагираат прво емотивно, а потоа рационално, па оттука, очекуван е првичниот пад. Сепак, инвеститорите различно реагираат во време на кризи. Експертите велат дека веќе не станува збор за тоа дали светската економија ќе се соочи со последици од новата војна, туку од колкав обем ќе бидат тие последици. Малите и отворени економии како ...
Инфлацијата во еврозоната се соочува со благ раст. Официјалните податоци покажуваат дека во февруари цените се зголемиле за 1,9 проценти на годишно ниво, а ако се земат предвид само храната, алкохолот, цигарите и тутунските производи, тогаш годишниот раст на цените изнесува 2,6 проценти. Но, како ќе се движи инфлацијата во наредниот период зависи од развојот на настаните на глобално ниво, или попрецизно на Блискиот Исток. Конфликтот меѓу САД ...
Вртоглаво растечките цени на горивата за авиони веќе придонесоа авиокомпаниите како што се „Квантас“ и „Ер Њу Зеланд“ да ги зголемат своите цени, додека прекините во воздушниот сообраќај дополнително го оптоваруваат глобалното патување. Австралиските „Квантас ервејс“ и „Ер Њу Зеланд“ објавија зголемување на цените на билетите поради конфликтот на Блискиот Исток, нагласувајќи дека глобалните авиокомпании се борат да се справат со ненадејните и ...

