Охрид, 11. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Од до овој момент непознати причини, ноќеска се запали возило на улицата „Карпош војвода“ во Охрид. На лице место излегоа соодветни екипи на охридската противпожарна територијална единица, кои го локализираа пожарот. Извршен е увид, а од полицијата повеќе информации за причините за незгодата, во која е причинета поголема материјална штета, најавуваат за во текот на денешниот ден. (Крај) извор: ОхридПрес ...
Охрид, 11. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 10 декември 2025 година, во 22:35 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид настанал пожар на патничко возило марка „Пежо“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на 38-годишно лице од Охрид. – Повредени лица нема, а од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид пожарот бил изгаснат. Увид извршија полициски екипи, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: СВР ...

