Фондацијата Фридрих Еберт – канцеларија Скопје во соработка со Центарот за едукација и уметност „Хана” викендов во Хотел Дрим, Струга го организираат настанот „Уметноста има став” кадешто познати и еминентни ментори ќе едуцираат 80 средношколци од различни градови низ државата како да создаваат музика, како да изработуваат графити и илустрација, како да пишуваат авторски творби, но и како да интерпретираат политички говор и подготовка за настап. ...
„Уметноста има став“, изминатиов викенд во Струга собра 80 средношколци од целата држава кои преку музика, литература, политика, илустрација и графити го изразија својот став на различни општествени теми. Настанот беше во организација на Фондацијата Фридрих Еберт – Канцеларија Скопје, a во соработка со Центарот за едукација и уметност „Хана“. Под менторство на еминентни професионалци во својата струка – проф. Емилија Ристановска, проф. д-р Ненад ...