Шкендија и Вардар со победите над фаворизираните ФЦСБ, односно Лозана, донесоа значајни бодови за клупскиот рејтинг на Македонија, па сега се само на 90 минути од пласман во следната рунда, што за тетовци ќе значи најмалку и влез во групната фаза од Конференциската лига, додека за скопските „црвено-црни“ пласман во третото коло и дуел против Астана или Зимбру. Македонија во моментов е на 51-вата позиција на рангирањето на УЕФА, со заостанување ...
Македонските фудбалски претставници во Европа ова лето веќе имаат пет победи на 10 натпревари, пред сè благодарение на Шкендија и Вардар, но и на Силекс. Тетовските и скопските „црвено-црни“ веќе имаат по две победи, а еднаш триумфираше и Силекс, додека само Работнички ги заврши настапите со два порази. Сепак, петте победи се далеку од рекордот од летото 2017 година, кога македонските екипи имаа 10 победи на европска сцена. Тогаш Вардар обезбеди ...