Критична е состојбатa на папата Фрањо, соопшти доцна попладнево Ватикан. Осумдесет и осумгодишниот поглавар на Римокатоличката црква страда од сериозна инфекција на белите дробови повеќе од една недела и на 14 февруари беше примен во римската болница „Џемели“. Во денешното соопштение се наведува дека добил и трансфузија на крв откако тестовите покажале состојба поврзана со анемија. „Папата Фрањо денеска беше во критична состојба откако претрпе ...

Папата Фрањо, кој се наоѓа во болница во критична состојба поради двојно воспаление на белите дробови, „добро се одмори“ во текот на ноќта, соопшти Ватикан. „Папата добро се одмори, цела ноќ“, се вели во кратката изјава во една реченица на Светата столица, на 12-тиот ден од неговата хоспитализација. Ова е најдолг престој во болница од почетокот на неговото папство во 2013 година. Ватикан вчера вечерта соопшти дека здравствената состојба на ...