Кингсли Коман, еден од најтрофејните фудбалери на денешницата даде „зелено светло“ за преселба во Саудиска Арабија каде за неговите услуги постои голем интерес од Ал Наср кој на Французинот гледа како едно од последните парчиња во сложувалката за доминантна сезона. Личните услови се веќе договорени па одлуката за негов трансфер сега му припаѓа само на Баерн Минхен кој доколку се откаже од услугите на 29-годишникот ќе заработи околку 30 милиони ...

Литванецот Рокас Јокубајтис го напушти Макаби, соопшти денес клубот од Тел Авив и додаде дека станува збор за обострано раскинување на договорот. Јокубајтис (24) минатата сезона одигра 28 натпревари во Евролигата за Макаби и постигнуваше во просек по 12,6 поени, 3,2 скока и 4,6 асистенции за 24 минути на теренот. Германските медиуми пренесоа дека Јокубајтис го напуштил Макаби за да потпише за Баерн Минхен. Пред Макаби, Јокубајтис играше за ...

Ал Наср предводен од Кристијано Роналдо ќе се обиде да дојде до успеси и титули во новата сезона, меѓутоа јасно е дека мораше се направат одредени промени во составот кој ќе го предводи искусниот Жорже Жесуш. Клубот од Ријад прво го привлече Жоао Феликс, потоа го „украде“ дефанзивецот на Барселона Ињиго Мартинез за да сега стигне информацијата дека е договорена и ѕвездата на Баерн Минхен. Се работи за 29-годишниот Кингсли Коман кој прифатил ...