Звучи неверојатно, но дефанзивецот на Интер, Франческо Ачерби, на финалниот меч од Лигата на шампионите против ПСЖ, игра со стари и искинати копачки. Се работи за истите копачки со кои го даде голот против Барселона во 93-тата минута во полуфиналето во Милано, гол со кој го одведе мечот во продолженијата, после кои Интер се пласираше во големото финале. Од фотографијата може да се забележи дека копачките се искинати, но веројатно му носат среќа ...

Франческо Ачерби беше херој на Интер во елиминацијата на Барселона од полуфиналето во Лигата на шампионите, но неговото суеверие не им помогна на „нероаѕурите“ во финалната пресметка со францускиот ПСЖ. Искусниот дефанзивец реши да ги носи истите копачки со кои го постигна голот против Барса, а интересно е што копачките беа со дупка на десната нога, но Ачерби веруваше дека тоа може да му донесе среќа во финалето. These are the boots Francesco ...