Полската Јагелонија синоќа убедливо со 3-0 славеше против Динамо Тирана во плеј-оф рундата за пласман во Конференциската лига на УЕФА. Но, без сомнение, еден од моментите кои оставија впечаток на мечот беше и скандирањето на навивачите на Јагелонија, во неколку наврати за време на натпреварот, името на македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов. Најверните фанови на полскиот тим, и преку транспарент но и со постојани скандирања, јасно дадоа до ...

Дарко Чурлинов се врати во Барнли, тим кој е под договор до 2026 година, меѓутоа тешко е да се поверува дека ќе добие шанса во оваа сезона и најреално е да направи трансфер до крајот на преодникот рок. Останува да се види која би била неговата наредна дестинација, а она што е јасно е дека навивачите на Јагелонија бараат Македонецот повторно да го облече нивниот дрес. Даре играше за полскиот прволигаш во сезоната 2024/2025, остави позитивен ...