„Германскиот пасош мора да дојде како признание за успешен процес на интеграција, а не како поттик за нелегална имиграција“, изјави министерот за внатрешни работи Александар Добринт пред парламентот, објави Ројтерс. Конзервативците на канцеларот Фридрих Мерц ветија дека ќе го укинат законот за време на овогодинешната изборна кампања. Остатокот од новиот закон за државјанство ќе остане недопрен и покрај претходните ветувања на конзервативците да ...
Програмата им овозможуваше на мигрантите што „исклучително добро се интегрирале“ да добијат германско државјанство по само три години поминати во земјата. Вообичаениот период е пет години. Тој нема да биде променет. Гласањето помина невообичаено лесно, бидејќи предлогот на коалициската влада на канцеларот Фридрих Мерц беше еден од ретките што доби поддршка од најголемата опозициска партија Алтернатива за Германија, која сега има највисок рејтинг ...