Сезонскиот грип го достигнува пикот. За една недела, регистрирани се 2.880 заболени, за пет проценти помалку од претходната. Децата најмногу на удар. Вирусот е распространет низ целата држава, особено во Скопје. Во споредба со лани, истиов период, има зголемување од 50 насто. „Се забележува зголемување на бројот на заболени слични на грип кој е над неделната граница за средна активност. Резултатите добиени од вирусолошкиот надзор над ...

Од Институтот за јавно здравје информираат дека од 3 до 9 февруари се регистрирани 2.880 случаи на грип или заболени слични на грип, што е за 5,1 отсто помалку во однос на претходната недела. Но, споредено со истата недела лани, кога имало 1.874 случаи, сега има зголемување за 53,6 отсто. Во моментов Институтот не планира да предложи препораки до Комисијата за заразни болести. За да се заштитите од грип, Институтот за јавно здравје препорачува ...