Легендата на Барселона кој последните две години настапува за Интер Мајами, Серхио Бускетс планира да се пензионира од професионален фудбал на крајот на сезоната со истекот на договорот, пренесуваат американските медиуми. Сега 37-годишникот најголемиот дел од кариерата ја помина во редовите на Барселона. За првиот тим дебитираше во 2008 година и каталонскиот дрес го носеше до 2023 година освојувајќи 32 трофеи. Бускетс се закити и со титулата ...
Наскоро тој официјално ќе го објави тоа, а од фудбалот ќе се прости во ноември или декември, во зависност од тоа до каде ќе стигне Интер Мајами во МЛС. Договорот меѓу Бускетс и тимот од Флорида е со важност до крајот на 2025 година и јасно е дека нема да биде продолжен бидејќи поранешниот шпански репрезентативец завршува со активно играње. Бускетс е еден од најтрофејните фудбалери на сите времиња, освои се што можеше да се освои, а беше дел од ...