Италијанскиот гигант Интер ќе постави уште еден клупски рекорд кога се работи за продажба на билети за натпреварите од Лигата на шампионите. Имено, „нероаѕурите“ во краток временски период ги продадоа сите влезници за полуфиналниот реванш против Барселона, а тоа значи дека клупската каса ќе биде побогата за неверојатни 14,5 милиони евра само од овој меч на „Џузепе Меаца“. Интересот секако беше огромен, затоа доволно говори и фактот дека сите ...
Фудбалерите на Интер и Барселона вечерва го играат реванш натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите. Првиот натпревар понуди фантастичен фудбал, а натпреварот заврши со резултат 3:3, па натпреварот на „Џузепе Меаца“ ќе го одлучи првиот финалист на Лигата на шампионите сезонава. Во финалето, подобриот од вечерашниот меч, ќе го чека победникот од двомечот помеѓу ПСЖ и Арсенал. Легендарниот стадион во Милано ќе биде исполнет до последно ...