Десното крило на младинската репрезентација на Македонија, Бојан Даневски, е нов член на Еурофарм Пелистер 2. Се работи за 21-годишен кумановчанец, кој до пред еден месец настапуваше за ГФК Тиквеш. Даневски ќе ја засили конкуренцијата на позицијата десно крило и ќе му се стави на располагање на тренерот Александар Зарков на крајот од месец јули на почетокот на подготовките за сезоната 2025/26. Неговото претставување е предвидено веднаш по ...
Новиот член на Суперлигата, Еурофарм Пелистер 2, и во новата сезона ќе биде најмлад тим и во ростерот ќе има многу членови на младинската репрезентација. Откако Мирче Калајџиевски беше прекомандуван во Еурофарм Пелистер, каде што е и Давид Брестовац, летово во тимот на Зарков пристигна Шулески од Тиквеш, а сега по неговите стапки тргна и Јован Даневски. Младинскиот ракометен репрезентативец од денес официјално е нов играч на Еурофарм Пелистер 2, ...