Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации. Во последното соопштение се наведува дека 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција поради тешка неухранетост. Според Министерството за здравство во Газа, само вчера починале уште девет лица од глад, со што бројот на жртви од неухранетост од почетокот на конфликтот достигна 122. Израел, кој го ...

Најголемиот дел згради се уништени, многу болници мораше да бидат затворени, а храната е оскудна. Ситуацијата во Појасот Газа е катастрофална. Околу 90 проценти од населението кое брои повеќе од два милиона, се разбегани на територијата, некои од нив и по неколку пати од место до место. Со најновата наредба за евакуација на градот Деир ал-Балах, според Канцеларијата на ОН ОЦХА, сега веќе 87,8 проценти од подрачјето на Појасот Газа е погодено од ...

Израел ќе продолжи да доставува помош по воздушен пат до Појасот Газа, соопшти израелската војска. Помошта ќе вклучува седум палети брашно, шеќер и конзервирана храна обезбедени од меѓународни организации, објави Ројтерс. Најавата за испорака на помош дојде неколку дена откако повеќе од 100 агенции за помош предупредија дека во Појасот Газа се шири масовно гладување. Израел, исто така, ги обвини Обединетите нации дека не реагирале навремено, ...