Иницијативата „Нула“ денеска заедно со семејствата на 14-те починатите во пожарот во модуларна болница поднесе предлог барање во Општина Тетово на тоа место да се направи спомен-парк со 14 клупи. Предлогот е доставен до градоначалникот на Тетово Билал Касами, до претседателот на Советот на Општина Тетово Наим Исмаили и до министерот за здравство Азир Алиу. На 8 септември годинава ќе се навршат четири години од пожарот во модуларната болница во ...
„Денес сме тука за да се потсетиме и да побараме нешто едноставно: достоинство за оние што беа живи изгорени во еден систем што ги остави незаштитени. Минати се речиси четири години од трагедијата во модуларната болница во Тетово. Но сè уште не стигнала целосната правда, но не прифаќаме ни молк. Бараме таа болна локација да се претвори во спомен-парк со 14 клупи, во сеќавање на 14-те жртви, за оваа трагедија никогаш да не се заборави“, рече ...