Политичката партија Левица обвини дека здружение поврзано со братот на член од обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски добило околу 24.000 евра од Државна лотарија преку програмата за донации и спонзорства. Според партијата, здружението „Визуел Продакшн“, чиј законски застапник е Лазар Гогов, брат на Вељо Гогов, припадник на обезбедувањето на премиерот, инкасирало повеќе од 1,5 милиони денари државни средства. Од Левица тврдат дека ...
„Братот на обезбедувањето на премиерот Мицковски се најде на платниот списокот на Државна лотарија за донации и спонзорства и тоа, ни помалку ни повеќе, туку со 24.000 евра народни пари? Имено, Здружението „Визуел Продакшн“, чиј застапник е Лазар Гогов, брат на Вељо Гогов – обезбедување на премиерот Христијан Мицковски инкасирале над 1.5 милиони денари (околу 24.000 евра) државни пари како донации од Лотарија на Македонија“ соопштија денеска ...

