Како резултат на овие врнежи во наредните денови, како што појаснуваат, се очекува и зголемување на водостојот и на поголемите реки низ земјава особено на оние во јужните, централните делови и по повардарието. „Денеска поголеми врнежи се очекуваат во јужните делови на земјата (околу планинскиот масив Кожуф) и во централните делови, односно во пределот на планинскиот масив Солунска Глава. Предупредуваме за можно зголемување на водостоите на ...

Од УХМР известуваат дека во текот на наредните денови како резултат на циклонска активност земјата ќе биде зафатена од врнежи од дожд, како и снег на планините и дел од повисоките места. Врнежите локално се очекува да бидат пообилни и интензивни и на места да предизвикаат брзи зголемувања на водостоите пред се на помалите реки и суводолиците низ земјава. На високите планини врнежите ќе бидат претежно во вид на снег, а на повисоките места од ...