Во интерес на граѓаните и спречување на ширењето лаги, со кое се занимаваат СДСМ и Поинаку изминатите денови, денес јавно и траснпарентно, сакам да ја известам јавноста за неколку работи: Пари има почитувани граѓани, изработивме и проекти, но сега на ред е Советот, преку усвојување на новиот ребаланс на буџетот да овозможи реализација на проектите и поддршка за напредок на Битола во сите области, кои се во надлежност на локалната самоуправа. Јас ...
- Градоначалникот на Битола Тони Коњановски побара Советот на Општина Битола да закаже седница и да го изгласа новопредложениот ребаланс на буџетот на таа локална самоуправа. На прес конференција во Битола, градоначалникот Коњановски информира дека на сметката на општинскиот буџет има 184.029.536 денари, кои треба да се вложат во изработени проекти. -Сега на ред е Советот, преку усвојување на новиот ребаланс на буџетот да овозможи реализација ...