Двајцата најдобри тенисери во светот обезбедија место во четвртфиналето на турнирот во Монте Карло, но до посакуваниот резултат стигнаа потешко од очекувањата. Карлос Алкараз одлично го отвори дуелот против Аргентинецот Ечвери и без многу проблеми го освои првиот сет со убедливи 6-1. Сепак, противникот не се предаде, па во вториот сет заигра значително подобро, направи два брејка и поведе со 4-1. Иако Алкараз успеа делумно да се врати, ...

Карлос Алкараз успешно ја мина пречката наречена Томас Мартин Ечевери, победувајќи го Аргентинецот со 6-1, 4-6, 6-3 по два часа и 23 минути исцрпувачка борба. Со овој триумф, Шпанецот ги задржа шансите да го спречи Јаник Синер да го преземе првото место на АТП листата претстојниот понеделник. Интересно е што Алкараз речиси целосно го ископира рецептот на Синер од претходниот меч – двајцата фуриозно го добија првиот сет, имаа ментален пад во ...