СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.К.С.(66) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа темнокафеава течност со волумен од 950 милилитри во која е утврдено присуство на ...

На 16.10.2025 во 20:10 часот во СВР Скопје, 22-годишна девојка од Прилеп, со престој во студентски дом на подрачјето на Карпош, пријави дека на 16.10.2025 околу 17:00 часот, додека се туширала забележала телефон над параваните. Според пријавата, А.М.(22) од Богданци, ѝ кажал дека тој ги направил фотографиите. Лицето е приведено во Полициска станица, а одземени му се лап топ и компјутер. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот. ...