Фудбалскиот клуб Бреша е исфрлен од Серија Ц и го загуби професионалниот статус, соопшти Италијанската фудбалска федерација. Како што е соопштено, Бреша не доби лиценца за натпреварување во Серија Ц, третото ниво на италијанскиот фудбал, поради наталожени финансиски проблеми. Во претходниот шампионат во Серија Б, Бреша имаше место на табелата кое гарантираше плеј-аут за опстанок, но по одземањето на четири бода испадна, а Сампдорија доби шанса ...

Италијанската фудбалска Федерација одби да ѝ додели на Бреша лиценца за настап во Серија Ц, со што на еден начин го исклучи иконскиот италијански клуб од професионалниот фудбал по 114 години. Бреша минатата сезона настапуваше во Серија Б и испадна од лигата, а најголемиот проблем за не добивањето на лиценца за Серија Ц бил долгот од 1,1 милион евра кон лигата. Не е само оваа ставка проблематична за финансискиот колапс, туку и долговите на клубот ...