Бразил година дена се обидува да го ангажира Карло Анчелоти и серијата лоши резултати на Реал Мадрид ја отворија вратата за една ваква зделка. По елиминацијата во Лигата на шампионите и поразот во финалето на Копа дел Реј, Бразил силно притисна и се веруваше деда Карло Анчелоти наскоро ќе стане нов селектор на „кариоките“. И кога требаше само Италијанецот да стави потпис на документите, доцна синоќа пропаднаа преговорите во последен момент. ...
Анчелоти во Лондон ги имал завршните преговори со претставниците на Бразил, се разговарало до доцна синоќа, на крајот не се нашло решение за проблемот. Бразил инсистира договорот на Анчелоти да почне во јуни, но проблем е договорот на Италијанецот со Реал Мадрид. Кралскиот клуб нема против да го ослободи Анчелоти во јуни, но Италијанецот за раскин на договорот сака да ја добие и отштетата која му следува. Перез сака да го избегне плаќањето на ...