понеделник, 26 мај 2025

Преговорите со Анчелоти пропаднаа па Бразил се врати на „планот Б“, но сега и тој се налути

Потрагата на „кариоките“ по нов селектор се претвори во фијаско, Карло Анчелоти ја одби понудата во последен момент, а се налути и Жорж Жесус, кој беше „планот Б“.

Објавено на

часот

Сподели

Бразил година дена се обидува да го ангажира Карло Анчелоти и серијата лоши резултати на Реал Мадрид ја отворија вратата за една ваква зделка.

По елиминацијата во Лигата на шампионите и поразот во финалето на Копа дел Реј, Бразил силно притисна и се веруваше деда Карло Анчелоти наскоро ќе стане нов селектор на „кариоките“.

И кога требаше само Италијанецот да стави потпис на документите, доцна синоќа пропаднаа преговорите во последен момент.

Карло Анчелоти сега се поврзува со богата понуда од Саудиска Арабија, а Бразил бара нов селектор.

Се говори дека „кариоките“ ќе се насочат Жорж Жесус, но искусниот стратег им е прилично лут.

Двете страни изминативе месеци беа во напредни преговори, но Бразил го олади интересот кога дозна дека може да го ангажира Карло Анчелоти.

Па Жорж Жесус не е задоволен што го сметале за втора опција, и ќе треба прилично убедување за тој да прифати да стане нов селектор на Бразил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ