Унијата и СПД се усогласија за заеднички коалициски договор. Во 15:00 часот лидерите на двете партии ќе ѝ се обратат на јавноста во врска со постигнатиот договор. Според пишувањата на медиумите, веќе е договорена поделбата на најважните министерства. СПД би требало да ги преземе Министерството за финансии и Министерството за одбрана. Според весникот Билд, МВР и МНР ќе припаѓаат на партиите на Унијата – ЦДУ и ЦСУ. На СПД треба да ѝ припадне и ...

Шест недели по предвремените избори, Германија има нова влада. Демохристијанскиот и христијанско социјалниот блок постигнаа коалициски договор со социјалдемократите. По ова ќе следува избор на Фридрих Мерц за нов канцелар во Бундестагот. „Ова е сигнал за новиот почеток во нашата држава. Идната владина коалиција ќе ја реформира Германија во стабилна, побезбедна и економски посилна држава. И Европа ќе може да се потпре врз Германија“, изјави ...