Пред само неколку часа ја објавив анализата „Гостиварската епидемија: што знаеме, што не знаеме и што можеме да научиме“. Во неа настојував да направам јасна разлика меѓу цврсто утврдените факти, оправданите епидемиолошки заклучоци и прашањата за кои сè уште немаше доволно официјални податоци. Набргу потоа, Јавното обвинителство објави соопштение со нови и мошне значајни сознанија. Затоа е потребно продолжение на претходната анализа. Што е ...

Во секоја епидемија, првата обврска на епидемиологот е да ги одвои фактите од претпоставките, потврденото од веројатното и она што веќе може да се заклучи од она што сè уште мора да остане отворено прашање. Таквиот пристап е особено важен кога станува збор за настан со голем број заболени, силна загриженост во јавноста и нецелосно објавени резултати од институционалната истрага. Епидемијата на акутен гастроентеритис во Гостивар веќе може да ...