Кирил „Кире“ Лазаров е роден на 10 мај 1980 година во Свети Николе. Тој е македонски ракометен тренер на РК Алкалоид и поранешен ракометар кој последно настапуваше за француската екипа РК Нант, како и за Ракометната репрезентација на Македонија. Лазаров се наоѓа на првото место на списокот на најмногу постигнати голови во рамките на Лигата на шампиони во ракомет, со постигнати 1256 погодоци во 18 сезони, правејќи го еден од најдобрите ракометари ...
Верица Пандиловска е родена на 13 мај 1973 година во Тетово. Таа завршила нижо музичко училиште (отсек виолина), како и Средно музичко училиште (отсек соло-пеење). На музичката академија продолжила со соло-пеење, а по две години отсекот го променила со теоретскиот дел. Нејзиното прво појавување било на премиерата на филмот „Arizona Dream“ во Универзалната сала во Скопје, каде таа ја отпеала традиционалната „Калеш бре Анѓо“. Првата солистичка ...