И второто дерби од 11. коло во Супер-лигата донесе возбудувања. ГРК Тиквеш и Бутел Скопје одиграа уште еден интересен меч, победникот беше решен во последните секунди, а на победа се радуваа кавадарчани, славеа со 25-24. Трагичар во редовите на скопскиот тим беше Димитар Узунчев, кој не реализираше од седум метри за реми. Гостите имаа водство на стартот на мечот 2-3, по што домаќинот со три гола во низа поведе со 5-3. Бутел Скопје се врати во ...

Екипата на Тиквеш успеа да освои нови суперлигашки бодови, овој пат во соочувањето со Бутел Скопје (25-24) во меч кој се одигра во салата „Јасмин“ во Кавадарци. Средбата беше израмнета, а се реши на самиот крај. Двата тима беа резултатски близу цело време, на паузата беше 14-13, а во ист ритам продолжи мечот до самиот крај. Тогаш, во еден неефикасен финиш, Мартин Димовски врза два гола и од 23-23, донесе 25-23 за Тиквеш. Потоа Ѓорѓиевски го ...