Екипата на Шкендија Арачиново продолжи со добрите игри во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) и дојде до нова победа. Тимот како номинален домаќин славеше над ГФК Охрид со резултат 2-1. Во уште едно дерби на денот, Тетекс во ефикасен меч беше подобар од Детонит Плачковица (3-2). Брегалница одигра сигурно и победи на гости кај Вардар во Неготино (0-2). Најубедливата победа ја извојува Слога Виница, која со 5-1 славеше над Големо Коњари. ...

Шкендија Арачиново со подобро изведување на казнетите удари во пенал серијата, успеа да слави против Саса во меч од 1/16 финалето во Купот на Македонија и со тоа да се пласира во следната фаза во ова натпреварување. Мечот се играше во Куманово а со голот на Спасовски во 59.минута Саса поведе со 1:0. Израмни искусниот Алии во 83.минута. Откако резултатот по 90.минути беше 1:1, се изведуваа пенали, а таму поуспешни беа играчите на Шкендија ...