СОМНИТЕЛНО ДВОЈНО ДЕЈСТВУВАЊЕ: РАКОВОДИТЕЛ ВО ОПШТИНА ОХРИД И ЗДРУЖЕНИЕТО „ОХРИД ТРЧАТ” НЕ(РАЗЈАСНЕТИ) АКТИВНОСТИ И ОТСУСТВА Додека надлежните институции сè уште не го испитале работењето на здружението на граѓани „Охрид Трчат”, фронтменот на ова здружение Јоне Станкоски, кој истовремено е раководител на сектор за јавни дејности при Општина Охрид, продолжува со своите активности кои будат сомнеж кај јавноста. Особено загрижувачки е податокот ...
Според сознанијата до кои дојдовме, синоќа Управата за јавни приходи (УЈП) влегла со контрола во невладината организација „Охрид Трчат” во Охрид. Контролата е иницирана по допрен глас за кој порталот Охридскај претходно побара да реагираат УЈП и Финансиската полиција. Од други извори дознаваме дека наскоро се очекува и контрола од страна на МВР на РСМ, поточно од одделот за економски криминал. Надлежните органи треба да утврдат каде завршиле ...