Во Валона, Албанија се одржа второто Генерално собрание на Асоцијацијата на шефови на полиции од Југоисточна Европа, СЕПКА, на која учествува и директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Александар Јанев со свои соработници. Јанев во обраќањето порача дека единствени и со заедничка интензивна соработка полициите ќе може да се справат со организираниот и транснационалниот криминал, испраќајќи јасна порака дека криминалците нема да имаат мир ...

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Александар Јанев денеска (16.12.2025.) во Валона, Република Албанија учествува на Генералното собрание на Асоцијацијата на шефови на полициите од Југоисточна Европа (СЕПКА) што годинава се одржува под претседателство на албанското министерство за внатрешни работи. Во фокусот на дневниот ред на Генералното собрание се низа важни теми меѓу кои пред се е борбата против организираниот криминал и ...