ПСЖ успеа да дојде до првата европска титула во сезоната во која остана без Килијан Мбапе, со што се оствари и најавата на тренерот Луис Енрике, дека неговиот тим ќе биде поквалитетен и поуспешен без големата ѕвезда во своите редови. Францускиот шампион имаше импресивен втор дел од сезоната, во кој на убедлив начин ги освои сите трофеи, вклучувајќи го тој во Лигата на шампионите, а големи заслуги за тоа му се припишуваат на шпанскиот стручњак. ...

Џанлуиџи Донарума имаше фантастична сезона во ПСЖ и беше еден од клучните фудбалери во освојувањето на четирите трофеи, а тоа пред се се однесува на трофејот од Лигата на шампионите. Договорот со „светците“ му истекува следното лето, па веднаш се појавија шпекулации дека тој ќе се врати во Серија А, од каде има интерес од двете најдобри екипи, Наполи и Интер. „Џанлуиџи нема да се врати во Серија А, барем не во блиска иднина. Тој е среќен во ...