Дел од пациентите со дијабетес се жалат дека се уште немаат пристап до новата инсулинска и современа антидијабетична терапија. Од Сојузот на дијабетичари велат дека по повеќе од 10 години чекање, конечно треба да се седне и да се одлучи како пациентите да добијат поквалитетна терапија, достапна и навремена, а не да се третираат како пациенти од втор ред. Го повикуваат министерот за здравство итно да го реши проблемот. „Да набавиме квалитетна ...
Дијабетичарите во земјава се жалат – велат дека пред два месеци завршил тендерот за набавка на инсулин, а тие и натаму немаат добиено терапија. Покрај терапијата, недостасуваат и инсулински препарати, па пациентите побараа итна набавка на истите преку писмо до министерот за здравство. „Количините на инсулинските производи се сведени на минимум и со тоа не се обезбедуваат предуслови да се задоволат потребите на постоечките пациенти. Никој од нас ...